За нас

За нас…

Компанијата “EЛСА-ЕС” е основана во 2000 година и моментално е лидер во областа на продажба на керамички плочки и производство на декоративни апликации и бродури од керамика и стакло. “EЛСА-ЕС” располага со широк асортиман на санитарија и опрема за бањи.

Основна цел на компанијата е снабдување на пазарот со производи со висок квалитет по пристапна цена. Компанијата бележи брз и динамичен развој во изработувањето на декоративни апликации и бродури од керамика.

Нашата мисија е

Секогаш да сме во чекор со сите светски трендови во керамиката и дизајнот.  Да нуди првокласни производи со најразновиден, современ дизајн и квалитет од керамика, стакло, санитарија и опрема за бањи кои ќе ги задоволи вкусовите на сите сегашни и идни клиенти. Да ги направиме нашите купувачи да бидат задоволни од нашата услуга и да се задоволат нивните потреби и барања.

Не застанавме овде…

Во моментов сме лидери на пазарот за изработка на бродури и апликации изработени од стакло. Изработуваме туш кабини, паравани за купатила, стаклени прегради за различни намени и многу други иновативни производи од стакло. Нудиме услуги за најсовремени решенија во креирање на просторот во купатила, кујни решенија за поставување на керамички плочки, стаклени површини, санитарија, мозаици и опрема за бањи.

Дигитален принтер…

Со дигитален колор принтер се изработуваат најразновидни слики, се во зависност од  потребите на клиентите, печатиме на керамички плочки, стакло, иверици и други материјали со дебелина до 20 см. Компанијата е поим за врвен квалитет, креативност и услуга во рамки на брендирана керамика, санитарија и опрема за бањи на македонскиот пазар.

Клуч за успех…

Фирмата постојано е во чекор со иновациите, нудејќи новитети и производи од врвен квалитет и дизајн на клиентот. Фокусирана е кон производи од брендирани компании, чии производители се едни од водечките во областа на керамиката, санитаријата во светот, кои исто така имаат и врвна соработка со многу познати компании и реализација на проекти како во домашен, така и во комерцијалниот сегмент.

“EЛСА-ЕС” е фирма која е ориентирана кон купувачот и нуди услуга на врвно менаџирање на секој клиент и проект врз база на:

  • Квалитетно обучен и пријатен кадар кој постојано се надградува со посета на саеми и обуки наменети за персоналот.
  • Помош при изработка на идејни решенија за проекти.
  • Комплетно решение на едно место.
  • Одлична логистичка поддршка.

Нашите вработени се ентузијасти со големи можности за напредување, секогаш со желба и стремеж да ги донесат најдобрите трендови со висок квалитет, ефикасни услуги кон клиентите и најважно од се, градење на долгорочни стратегии со нашите партнери.